На 20.09.2025 во 15:50 часот, во селото Зајас- општина Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице на (64) врз лице на (59), двајцата од истото село. Во врска со тоа, а врз основа на судска наредба, од едното чице одземени се еден пиштол „берета“ калибар 9 милиметри, една ловна пушка и еден ловен карабин „бенели“, како и една дозвола за оружје.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.










