Оваа композиција ја претставува петтата инструментална приказна инспирирана од природната убавина и магијата на охридското езеро. Секоја година преку музика се обидувам да доловам различен момент, чувства или слика за тоа како го доживувам ова свето и бескрајно инспиративно место. Оваа година продолжувам со таа традиција, верувајќи дека музиката може да зборува таму каде што зборовите замолкнуваат, додава младиот музичар Петрески.
https://www.youtube.com/watch?v=XyfWnGpEki4












