Наш ИзборНаш изборОхрид

Конечно ФИЈАСКО на пропагандата и шарените лаги на платените непостоечки невладини и еко инфлуенсерите

Охрид нема да биде ставен на листата на загрозено светско природно и културно наследстрво од страна на УНЕСКО ! – оваа денешна информација која дојде како олеснувње и радост кај жителите на Охрид и Македонија, почна да предизвикува тежина и тага кај лица од невладинтие организации, медиумските пропагандисти и еко инфлуенсерите кои од 2015 година ( како дел од Шарената револуција ) па се до утрово ја манипулираа јавноста дека со Охрид е готово и дека градот ќе биде ставен на листата на зогрозено наследство. Од како стигна оваа информација во одредени медиуми кои со години ( заради лични причини и незадоволстрво на сопствениците ) шират хистерија на таа тема, дојде до радикален пресврт и промена на наративот, па сега почнаа  со напад врз УНЕСКО како одговорен за оваа одлука.

Од 2015 година до денес истите овие индивидуи , истите медиуми или истите само наречени невладини еко организации кои никогаш никаде официјално не се регистирани и делуваат само на Фејсбук, барем 10 пати чекаа, но не дочекаа Охрид да биде ставен на „црна листа“ . Најбрутално дел од телевизиите и порталите лажеа во време кога во Македонија беснееше  „Шарената револуција“ кога јавноста ја лажеа дека Охрид ќе биде избришан од листата на заштитени подрачја.

Во што е Охрид полош од Котор, Истанбул, Пераст или Атина за УНЕСКО да го стави на листата на загрозени ? !

Во меѓувреме јавноста виде и друга вистина ( освен таа полна со лаги и пропаганда која со години ја сервираа погоре посочените ) и виде како е во Котор, Пераст, Атина, Истанбул, и може да се види како тие се развиваат. Како во Котор на Ловчен ( подрачје заштитено од УНЕСКО исто како Охрид и Галичица ) се изгради најмодерна жичница која инкасира милионски приходи од туристите, потоа како е во Истанбул каде се што имаат е ставено во погон на туристичката индустрија, како во Пераст на куќите има клима уреди, сателитски антени и сончеви колектори, и како во Атина, со пари донирани од Е.У. се постави нов бетон околу Акропол, прекривајќи ги античките камени патеки кои по кои туристите чекореле споро, а тоа го успорувало и бизнисот со продажба на влезници.

(ВИДЕО) Пристаништето во Охрид претесно да ги прими туристите среде зима.

(ВИДЕО) Пристаништето во Свети Наум премало за бројот на бродови кој денес го има на езерото

И додека сите околу се развиваат, Охрид стоеше заробен во лудилото на група самопрогласени експерти за сите прашња и пропушти да изгради нов пат до Свети Наум, да изгради жичници на Галичица, да ги прошири пристаништата за да може во нив да се паркираат постојните бродови и да го развива туризмот како основна гранка на економскиот ( а тоа значи и биолошкиот ) живот во градот.