Пристаништето во Охрид денес беше претесно да ги прими туристите ( пред се млади лица од соседните држави ) кои во Охрид денес се забавуваат и ќе ја дочекаат новата година. Сите бродови и помали пловила денес работат со полн капацитет да ги опслужат туристите кои се во градот, но очигледно дека пристаништето како инфраструктурен објект одамна не ги исполнува потребите на туристичката индустрија во Охрид и наместо сервис повеќе претставува проблем кога градот е преполн со гости, во лето или за празници. Некогаш туристите поминуваат низ два паралелно паркирани брода, за да стигнат до третиот , бидејќи на пристаништето нема место да се паркираат бродовите.
Туристичкиот бизнис во Охрид ги следи трендовите во светот, па така голем дел од туристите ( пред се странци ) билети за брод купуваат на интернет, а потое се соочуваат со вакви ситуации на пристаништето во Охрид.
Темата за проширување на пристаништето и градење на марина за пловила во Охрид со години е на удар на т.н. екологисти, еколошки невладини ораганизации и СОС Фејсбук страни каде на нож се дочекува секоја иницијатива за средување на инфраструктурните, тврдејќи дека заради градба на нов пат до Свети Наум, или ново пристаниште Охрид ќе го изгуби статусот кој го има во УНЕСКО, па проблемите стојат блокирани и со децении не се решаваат.
Во Поградец во меѓувреме се презентира мега проект за кој со помош на премиерот Еди Рама се обезбедени сите потребни документи и таму ќе се гради ПОГРАДЕЦ МАРИНА , ултра модерен комплекс кој содржи хотели и мостови кои влегуваат директно во Охридско Езеро кое е заштитено од УНЕСКО.
А КАКО Е ВО СВЕТОТ ?
Котор е град заштитен од УНЕСКО кој има ново пристаниште, кое по своите димензии е поголемо од стариот град Котор. Изградено е на местото на некогашното пристаниште кое тука го изградила Венецијанската република и денес во него впловуваат бродови кои се исто така со поголеми димензии од старото градско јадро на Котор. А како е во Котор погледнете во видеото подолу:
ВАКА Е ВО ИСТАНБУЛ