Додека на Ловќен работи жичара, во подрумите на „Топ Капи Сарај“ работат спа центри и ресторани, а во Атина се става бетон околу Акропол, стигна веста дека УНЕСКО ќе го стави Охрид на листата на загрозено светско наследство. Оваа информација минативе денови ја окупира охридксата и македонската јавност и предизвика бројни реакции и политички препукувања.
И без да се слушаат реакциите, сите знаеме дека Охрид има бројни проблеми кои треба да ги решава, но сепак ако ги гледаме работите објективно би требало барем да се спреди како е во Охрид и како е во останатите балкански градови ставени под заштита на УНЕСКО ?
Охрид1 изминативе години ги посети и сними градовите Котор, Пераст, Истанбул и Атина и репортажите на таа тема ги имаме објавено повеќе пати, а денес ќе ги преобјавиме уште еднаш.












