АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Традиционално на 14 и 15 јуни Охрид ќе го прослави Св. Еразмо Охридски чудотворец

Почитувани верници,
Со голема радост ве известуваме дека и оваа година, традиционално на 14 и 15 јуни 2025, ќе го прославиме големиот христијански празник посветен на светиот заштитник и Охридски чудотворец – Свети Еразмо.
Ве покануваме со срце и душа да се собереме во манастирот и заеднички да ги доживееме духовните радости на овој светол празник.
Исто така ве информираме дека поради тековните градежни зафати, патот до манастирот треба да биде пуштен во една лента, од страната на манастирот.
Богослужбите во манастирот како и секоја година ќе бидат одржани според следната програма:
14 јуни 2025 (сабота) –
🕖 19:00 часот: Празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува
Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.
15 јуни 2025 (недела) –
🕖 07:45 часот: Утрената богослужба.
🕘 09:00 часот: Пречек на Митрополитот Европски г. Пимен.
🕘 09:15 часот: Почеток на Светата Архиерејска Литургија.
Нека застапништвото на Свети Еразмо биде со сите нас!
Ве очекуваме во манастирот.
Да ни е честит и благословен празникот Свети Еразмо – за многу години!