Наш ИзборНаш изборОхрид

Течат подготовките за ЕП во џудо во Скопје, утре завршува рокот за пријавување

За прв пат во Македонија ќе се организира Европско кадетско првенство во џудо, најголемо првенство од овој карактер во 2025 година, според наше скромно мислење, настан над сите спортски настани во Македонија. Европа доаѓа во Скопје и ние мораме да ја оправдаме довербата, вели Дејан Мицкоски, спортскиот директор на Македонската џудо федерација(МЏФ).

–Европското првенство за кадети и кадетки, Скопје 2025, кое ќе се одржи од 26 до 29 јуни, ќе биде настан од највисок ранг кој досега воопшто се одржал во џудо спортот кај нас. Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (8 во машка и 8 во женска категорија). Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.