Наш ИзборНаш изборОхрид

Торонто експрес – Македонскиот народен театар гостува во Струга

На 18-ти јуни (среда), со почеток во 20:00 часот, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе гостува Македонскиот Народен Театар со претставата „Торонто експрес“.
Цената на билетот е 250 денари.
„Торонто експрес“
По мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф
Режисер: Јордан Симонов
Адаптација на текстот: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Роза Трајческа – Ристевска Графички дизајнер: Кристина Јорданова
Асистент на режисерот: Деспина Тодоровска
Времетраење: 75
Сцена: Летна сцена при НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга
„Торонто експрес” е агенција за помош при емиграција во Канада. Целта на работењето е да се врбуваат сите Македонци со што колективно би се иселиле во ветената земја.
Агенцијата е раководена од генералниот директор Јордан Симонов, кој е светски признат експерт во убедување како да го напуштите родното огниште и да заминете во белиот свет.
Програмата и презентацијата се подготвени од Зоран Спасов Sоф, претседател на одборот на македонското комјунити.