- Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на 2025 година.
- На барање на УНЕСКО мора да бидат отстранети од куќите и други објекти во стариот дел на Охрид, охридската чаршија и градкиот кеј, затоа што го нагрдуваат изгледот на овој дел од градот кој е под строга заштита. Станува збор за 561 таков објект, а сопствениците имаат алтернатива, да ги постават на места кои не се видливи однадвор, објави Алсат.
- Со години наназад Охрид е главна тема на некои официјално постоечки невладини организации, но и на обични Фејсбук страни зад кои не стои никој, а кои со помош на одреден број медиуми се прикажуваат како единствени меродавни да кажат што може , а ѓто неможе.
- Охрид1 изминативе години ги посети Котор, Пераст, Истанбул и Атина, сите заштитени од УНЕСКО и во сите нив има : клими, сателитски антени, тезги, кафетерии и сето тоа во многу поголем обем од тоа што го има во Охрид, па сите и натаму се дел од УНЕСКО и немаат проблеми. Погледнете ги видеата во продолжение.
- </li>
Дали и зошто од цел свет само во Охрид ќе мора да се отстранат клима уредите ?

redakcijaмај 18, 2025
posted on
