АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец, грабнал сопруга, ќерка и баба на сограѓанин

На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид  лишија од слобода (33) годишно лице од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување” по член 141 од Кривичниот законик.

Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со (36) годишно лице од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата.

СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување  на настанот, по што против грабнувачот ќе биде поднесена соодветна пријава.