АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Насочени кон иднината, бескрајно горди на минатото, благодарни за саможртвата за слободна Македонија, денес одбележуваме 120 години од смртта на Христо Узунов

Оваа исклучителна личност од македонската историја, учител, револуционер, војвода, организатор на македонската борба за слобода и бескомпромисен борец за татковината не прави особено горди и среќни што сме негови потомци охриѓани и Македонци.
Непоколебливата одлучност да се жртвува животот за добро на татковината ги надминува границите на просечноста и го воздигнуваат неговиот лик на небото на општочовечкиот копнеж и општочовечката борба за слобода. Тој е симбол за македонскиот опстој и непокор, пример за највозвишен хероизам и саможртва, синоним за стоицизам на човек, кого не го поколебаа ни најужасните искушенија и не го згаснаа кај него исконскиот револт кон неправдата која му се нанесуваше на македонскиот народ, тој е синоним за човечкиот отпор, за доблесноста, човечноста, за одлучноста да се истрае во борбата за идеалите, да не се потклекне и да се истрае се до последниот здив во вербата и борбата за слободна Македонија
Ваквите личности од македонската историја се вистински столбови на македонскиот нескршлив дух, на македонскиот иднтитет и на македонскиот национален и културен опстој. Всушност, тие се глогов кол во срцето на бескрупулозните пропаганди на соседните држави во обидите да го негираат, да го потиснат и уништат мекедонското неколкуилјадно национално, историско и културно живеење на овој простор. А ние како нивни следбеници се заветуваме дека нема да го погазиме и промениме она што како наследство сме го добиле од нив, нашата прекрасна татковина Македонија и нашиот единствен Македонски јазик.
Нека му е вечна слава!