Општина Охрид со особена чест Ве поканува да бидете дел од настаните со кои достојно ќе го одбележиме големиот јубилеј – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, охридскиот војвода и револуционер, кој својот живот го положи за слободата на Македонија.
Да се потсетиме, да се поклониме и да ја пренесеме пораката за неговата саможртва и бесмртно дело на новите генерации. Хероите живеат додека ги чествуваме, нека му е вечна слава!
