На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на (53)г од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице на (42) од Куманово. Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката лице на (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците лице на (36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.
Редакцијааприл 22, 2025
posted on















