Враништани на уникатен начин на полноќ го најавија Христовото раѓање. Имено долгометарски крст со бакли кој го направија младите враништани го осветли селото , а со тоа најавувајќи го Христовото раѓање.
Пропратено со црвените бакли, како по традиција на полноќ имаше и огномет.
Идејата и организацијата е од страна на Младинската организазција Враништа , да се направи спектакл за Божиќ на 80 метарски крст со бакли во центарот на Враништа. Во ваквата идеја и реализација учествуваа вкупно 60 лица кои направија неповторлива глетка над Враништа на полноќ.
Секоја чест на идејата и организацијата, нека ова прерасне во една традиција на своевиден и уникатен начин за Враништа. За многу години!