Додека жителите и сопствениците на имот во Стар Град Охрид се соочуваат со истекување на рокот да ги отстранат сончевите колектори, сателитските антени и клима уредите од нивните објкети, во Атина со пари донирани од ЕУ над старите со камен поплочени патеки, поставен е нов мазен бетон кој е многу попријатен за газење од каменот и по кој полесно ( што значи многу побрзо ) се движат туристите кои ги има во илјадници. Видео материјалот е снимен на 12 декември:
<ul>
-
- Во Атина со над 16 милиони евра Европската Унија финансира реконструкција на Акропол, и таму нема никаков проблем калдрмата да се прекрие со бетон за туристите полесно и побрзо да се движат. Кога ќе влезете во Акропол стои оваа табла:
- Во Македонија се финансираат невладини организации кои буквално ги вшмукаа во себе институциите и Охрид има блокади на секој чекор, а сега во стар град ќе плаќаат казни ако имаат клима уред. ( Каде во светот туристи денес престојуваат во објекти без клима уреди ? )
- Во Истанбул двата дворци на Османлиската династија се полни кафетерии, поплочени се со модерни плочки , над резервоарите за вода од Византија поставен е бетон за пешачки патеки за туристите, а амамот на Хурем Султан целосно е претворен во кафетерија и ресторан. За приликите со УНЕСКО во Истанбул погледнете го видеото подолу:</li>
- Во Котор кој исто така е заштитен од УНЕСКО се направи жичница до планината Ловќен, градот е полн со клима уреди, кафетерии има на секој чекор, а пристаништето кое го изградиле е со пречник поголем од стариот град за во него да впловуваат крузери кои по димензии се поголеми од стариот град Котор. Погледнете во видеото:
-
- Пераст е мал град во Бока Которска и е заштитен од УНЕСКО. Тој е вкоренет во историјата на „Венецијанската република“ и од Пераст потекнуваат 12 аристократски фамислии чии потомци владееле со Европа до Прва Светска Војна. Во Пераст на куќите има сателитски антени. клима уреди, поткровја, сончеви колектори, а поставен е и асфалт на старата градска улица која денес е сообраќајница. Погледнете како е во Пераст на видеото подолу:
- А како е во Поградец каде езерото исто така е под заштита на УНЕСКО погледнете во ова видео:</li>