АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Во Охрид започнаа журките

Последните часови од старата 2024 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ.

Градот е свечено украсен, особено централното градско подрачје, Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, каде уште од вчера е забележителна празничната раздвиженост, пред се поради гостите кои со голем број автомобили и автобуси пристигнуваат за тука да ги минат овие празнични денови.

На бродовите од утрово веќе започнаа журките за Дочек на НОВАТА 2025 година.

За добра забава на отворено вечерва ангажирани познатите уметници Каролина Гочева и Наум Петрески и миленикот на помладата генерација охриѓанецот Пајак, кои ќе настапуваат на Градскиот плоштад. Забавата на отворено за гостите во Охрид ќе започне од 20 часот со настапите на ди-џеите Гец и Фејс како и членовите на бендот „Take 5“.