АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Вечерва богата музичка програма на Охридскиот плоштад

За дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во богата музичка програма на градскиот плоштад.
Забавата ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec.
Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5.
Во 21:00 часот ќе започне настапот на миленикот на младата публика Пајак.
Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески.
Во 23:30 е резервиран настапот на македонската поп дива Каролина Гочева.
Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со DJ Face.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 13 часот ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
УЖИВАЈТЕ ВО НОВОГОДИШНАТА АТМОСФЕРА И ИМАЈТЕ НЕЗАБОРВАНИ ПРАЗНИЦИ ВО ОХРИД, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.