Веќе втора година по ред во клубот кој го донесе борењето во Охрид најмладите членови добија новогодишни пакетчиња, спортски маици, а секое дете се фотографира со Дедо Мраз и фотографиите ќе бидат постирани на интернет.
Борачкиот клуб ,,Аждер” работи повеќе од две години. Клубот го основа и води Илија Спасески кој го донесе борењето во Охрид и за кратко време успеа да го популаризира овој спорт кој постојано добива нови членки.
Илија Спасески покрај тренинзите во борење, работи и како персонален тренер за индивидуални и групни тренинзи, како и тренинзи од програмата АТГ кои даваат одлични резултати на глобално ниво.
Клубот ,,Аждер” во 2025 година ќе донесе многу новитети во Охрид.