Новогодишната забава за свечениот дочек на Новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec.
Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5.
Во 21:00 часот ќе започне настапот на миленикот на младата публика Пајак.
Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески.
Во 23:30 е резервиран настапот на македонската поп дива Каролина Гочева.
Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со DJ Face.
УЖИВАЈТЕ ВО УБАВАТА АТМОСФЕРА И ИМАЈТЕ НЕЗАБОРАВНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ ВО ОХРИД, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.