ОВР Струга поднесе кривична пријава против (40) годишен маж од струшкото село Горно Татеши поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми различен калибар, наменети за испалување од пиштол и полуавтоматски пиштол.