АктуелноОхрид

Лишен од слобода 35-годишен маж од с. Велешта, возел и поркај тоа што имал забрана за управување со возило

На 10.11.2026 во 12:20 часот на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода  лице на ( 35) од струшкото село Велешта.

 

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола било констатирано дека го управува возилото иако има забрана за управување со возило.

 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.