ОВР Струга поднесе кривична пријава против (60) годишен маж од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катарстарска парцела во државна сопственост во атарот на струшкото село Подгорци, која ја закупил под концесија за одреден временски период, спротивно на Законот за градење и без решение издадено од надлежен Државен орган, пријавениот неовластено изградил помошен објект и го засадил земјиштето. По истекот на рокот за важност на концесијата, пријавениот не го вратил во првобитна состојба за што бил должен и продолжил да го користи.