ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 51 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик. При претрес во неговата викенд куќа во кичевската населба Кнежино, полициски службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Застава“, еден гасен пиштол „Екол“ со рамка и додаток за испалување, рамка за пиштол со три куршуми, два маневарски куршуми и четири сигнални куршуми, кои, неовластено ги поседувал. Тој, веднаш беше лишен од слобода.