СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25 годишно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. На 24.11.2024 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, пријавениот со употреба на сила од оштетена жена од Охрид одзел чанта, а на 25.11.2024 преку отворен прозорец влегол во домот на оштетена жена од Охрид и заканувајќи ѝ се со остар предмет ѝ одзел пари и накит. На него му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.