АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Сара Петкоска освои прва награда и златен медал на натпревар во ораторство „Мене и душата ми е црвена“ -Рацин

Победничкиот говор на Сара Петкоска (IV-3) за прва награда и златен медал на натпреварот во ораторство за средните училишта од Македонија – ,,Мене и душата ми е црвена”-Рацин
🗣️Песната на Македонија е нејзина молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка:
Ќе победиме!!!
Никој не може да урне, колку што Македонија може да изгради!
Над неа еднаш ќе изгрее сонце!
Над долови и над гори, над полиња и над реки.
Ќе светне, ќе изгрее… затоа што солзи веќе немаме, а секнаа и клетвите.
Но има, има в темнината, нешто живо пак да свети!
Ќе светне, ќе изгрее, ќе никне, ќе потера! Јас доаѓам… за да пренесам збор од татка, по мене збор ќе пренесе син на својот син!
Чувајте ја!
Бранете ја!
Со душа, мисла и збор!
И ако не умрам дома, пријателе, туку кај што стии пиштат, в борба искри кај што л`штат – блазе, речи на душата, има зошто душа да е!
А душата!?
Мене и душата ми е црвена!