АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО-ФОТО) Младите од Православна епархија Враништа со големо изненадување на Отец Ристе Наумоски по повод неговиот јубилеј од 20 години свештенослужение

Денес Отецот Ристе Наумоски заокружува јубилеј од 20 години свештено служение во Вранишката Епархија а вкупно 27 години од неговата света должност на овие простори под закрила на МПЦ ОА.

По тој повод децата од Православна младина од Враништа приредија големо изненадување кон својот омилен Отец, кого го сметаат за втор родител па дури и  повеќе кој постојано ги просветлува и благоугодно ги добличува кон и по Божјите патишта. На крајот од неделната Богослужба влегоа во црквата со  скромни подароци пеејќи ја „Многаја лета“ а веднаш потоа рецитираа и пригодни стихови напишани токму за овој повод.

Младата Климентина Јанческа го предаде подоарокот на Отецот, симболично во знак на првото крстено дете од страна на Отец Наумоски токму во Враништа пред 20тина години.

Отецот со големо изненадување ги ислуша сите рефрени и изведби кои беа подготвени за него и посака секој да ја доживее оваа голема радост , како што тој денес ја доживеа од страна на неговите послушници и следбеници во ширењето на Христијанството.

-Да сте ми живи и здрави . Ова за мене е навистина еден голем настан, едно големо изненадување, за кое ја претчуствував цело време додека траеше Богослужбата , бидејќи постојано бевте во некакво движење. Сето ова може само да се доживее и никако поинаку, истакна Отец Наумоски кој навистина беше пријатно изненаден.

Потоа во трпезарискиот дел од црквата Св.Никола во Враништа следуваше и видео презентација која ја имаа подготвено младите од вранишката епархија , за животот , делото и дејноста која сеуште ја шири и делува Отец Наумоски.

Настанот беше заокружен со заедничка закуска, а меѓу другото и славеничка торта.