недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Во тек се градежни активности за изведба на канал за атмосферски води во село Велгошти

Во тек се градежни активности за изведба на канал за атмосферски води во село Велгошти. Со овој зафат го решаваме горкиот пролем на жителите кои при врнежи се поплавуваа. Вредноста на овој зафат изнесува околу 4 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Согласно проектот предвидено е на истиот потег по завршувањето на овие градежни активности да започнат активности за замена на старата и дотраена водоводна линија со нова, по што ќе следува поставување на нов асфалт на целата улица.