Во моментов се работи на санација на помошните објекти односно „магаза“ согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата. Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „ Куќата на Робевци“. Предвидени се одредени итервенции и отпочнато е со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, исто така се постави нов под од гранитни плочи. На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани внатрешните ѕидни платна како и промена на надворешнта столарија и освежување на фасадата во бела боја. Сите овие зафати ќе бидат реализирани во најкраток можен рок, сетоа тоа предвидено за подобрување на функционалоста на помошниот објект кој служеше за депо на археолошки наоди.
Редакцијаноември 5, 2024
posted on