понеделник, ноември 18, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Еко-свест со истражување на популацијата на питом костен во споменикот на природата -Вевчански Извори

Еко-свест со истражување на популацијата на питом костен (Castanea sativa) во Споменикот на Природа Вевчански Извори преку анализа на теренски и лабораториски резултати 🌰🌳
Во соработка со проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” Скопје, Еко-свест во текот на 2024 година работи на истражување на здравствената состојба на питомиот костен. Истражувањето треба да обезбеди преглед на постоечките состојби и да се идентификуваат и документираат заканите врз популацијата на питомиот костен на територијата на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори. 🔍🔬
Покрај документирање на постоечката состојба, врз база на идентификуваните закани и ризици, истражувањето ќе содржи препораки и мерки за надминување на состојбите кои би користеле во идното успешно управување со популацијата на питом костен во заштитеното подрачје.🌿
Во истражувањето ќе бидат искористени и податоците собрани во базата на податоци на апликацијата INaturalist, апликација со која секој поединец со примена на граѓанска наука има можност со мапирање да придонесе кон науката.
🤝Активностите се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.