АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на „Туристичка“, повредена жена од Струга

На 18.10.2024 во 20.55 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата од булеварот „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од село Лешани, општина Дебрца удрило во пешак 43 годишно лиц од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид