На 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот. Се работи за лицето M.K.(49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.