Овој викенд, спец. д-р. Маја Божиновска-Смическа заедно со дел од тимот млади лекари од нашата болница активно учествуваа и беа дел од организациониот комитет при меѓународниот симпозиум “Ретки болести: Дијагностички предизвици и терапевтски перспективи, кој го одбележа јубилејот од 10 години активизам за ретки болести. Докторите со приказ на неколку медицински случаи кои се ретки и уникатни, го споделија нивниот пат од препознавање, па се до дијагностика и третман на пациентите со ретки болести.
Нашиот медицински тим е обучен и продолжува да се стреми кон подобра дијагноза, третман и грижа за пациентите со ретки болести.
Голема благодарност до сите организатори и учесници за оваа непроценлива можност за размена на искуства и знаење. Заедно продолжуваме да работиме на подобрување на животот на пациентите со ретки болести!
ЈЗУ Св Еразмо: Нашиот медицински тим е обучен и продолжува да се стреми кон подобра дијагноза, третман и грижа за пациентите со ретки болести
Редакцијаоктомври 14, 2024
posted on