АктуелноОхрид

Објавена програмата за август за научната и уметничка визита 2024 во Куќата на Уранија – МАНУ

Stitched Panorama

Објавени се детали од програмата за месец август за научната и уметничка визита 2024 што се одржува во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид.

– На 2-ри август ќе се одбележат „80 години АСНОМ“, со гостин предавач проф. д-р Владо Поповски, организирано од Одделението за општествени науки на МАНИ. На 29-ти август, предвидена е научната дебата „Високото образование и науката“. Од 24-ти до 26-ти август ќе се одржи македонско-кинеска поетска работилница „Поезијата во превод меѓу цивилизациите“, во организација на Истражувачкиот Центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ. За 29-ти август е закажана терминолошката работилница „Неологизмите во македонскиот јазик“ во организација на Лексикографскиот Центар „Георги Старделов“ при МАНУ, информираат организаторите.