АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Дипломец од ФТУ успешен шеф на кујна во елитен ресторан во Хрватска, вели: Целта ми е нашето искуство да го имплементираме во Македонија!

Македонците се успешни каде и да работат. Уште еден доказ за ова се  резултатите кои ги има постигнато Ѓорги Петкоски, дипломец на ФТУ, кој веќе неколку години работи како шеф на кујна во елитен ресторан во Хрватска, поточно во Црквеница.  Петкоски е од Прилеп, но завршил ва факултетот за туризам и угостителство во Охрид на насоката гастрономија, а еден момент работел и како асистент во кујната на ФТУ.  Во ресторанот со  38 годишно искуство каде што работи и го надградува своето искуство исклучиво се служи традиционална храна. Веднаш до него во соседниот ресторан работи Ивица Андрески, исто такаМакедонец и нагов сограѓанин.

Ѓорги отворено зборува за работата во Хрватска…

-Сакав да направам интеренационално искуство , при крај сум со докторатот , сакам да предавам интернационална гастрономија. Научив многу медитарански рецепти . Во мај месец бев на семинар за интеренционален судија по гастрономија во француската академија по науки за гастрономија. Почесен член од Македонија сум и во Хрватската академија за науки за гастрономија. Целта ми е нашето искуство да го имплементираме во Македонија , вели Петкоски.

Разговорот со Петкоски за Охрид 1 го води Проф д-р Ангела Пасквале.