АктуелноОхрид

(ФОТО) Охриѓанецот и поранешен политичар Сашо Стефаноски се сретна со Мајк Тајсон

Поранешниот директор на Фондот за здравство кој веќе неколку години гради успешна менаџерска кариера во приватна компанија во Берлин, денес се сретнал со светската боксерска легенда Мајк Тајсон.

Стефаноски, фотографија со Тајсон објави на неговиот Инстаграм профил, а според неофицијални информации тој со Тајсон разговарал за посета на Мајк Тајсон на Македонија.

Во обајавата на фотографијата Сашо му го честита роденденот на Мајк кој денес слави 58 години.

Сашо Стефаноски е познат на политичката јавност во Македонија, како директор на ФЗО , а во негово време Фондот функционираше нормално, без скандали и афери и финансиигте во македонското здравство пливаа во мирни води.