недела, ноември 17, 2024
ВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Го препознавате ли? Петар Нечовски 1978 год …

Фолкерот Петар Нечовски освен што во Македонија е еден од најпопуларните пејачи, тој важи и за еден од најбараните пејачи во дијаспората.

Изведува изворни, но и новосоздадени песни кои се вистински мелем за душа за неговите верни обожаватели. Интересно е едно видео од почетоците на кариерата на Нечовски од 1978 год.

Десетина години работел како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, а потоа продолжува како професионален естраден уметник. Реализирал дваесетина турнеи во Австралија, САД и Канада.

Настапувал на многу фестивали во Македонија, каде ја понел главната награда како и на повеќе меѓународни фестивали во Камбера, Торонто, Амстердам и др.

Препознатлив е и по својот специфичен имиџ, по својата фризура (коњско опавче) карактеристична повеќе за рокерите отколку за фолкерите.

Нечовски е роден во Ресен на 10 јули 1957 година. Основно и средно образование и музичко училиште завршил во Охрид, прв степен на Правниот факултет во Скопје и Угостителско-туристички факултет (Група гастрономија) во Охрид. Десетина години работел како организатор во угостителскотуристичките организации во Охрид, а потоа е професионален естраден уметник.