Наш ИзборНаш изборОхрид

Учесниците од „Мал Битолски монмартр“ сликаа на локации во Охрид

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски денеска во црквата „Света Софија“ ги поздрави учесниците на 43. Меѓународна детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ кои викендов сликаа на локации во Охрид.

На годинешната детска колонија учествуваа 170 млади ликовни уметници од 24 земји заедно со нивните ментори, ликовни педагози.

Младите уметници на своето сликарско платно пренесоа дел од староградската архитектура, познатите културни знаменитости од Охрид и пејзажи од Охриското Езеро.

 

Заменик градоначалникот Божиновски истакна дека Општина Охрид секогаш е подготвена да ја даде потребната поддршка на вакви манифеатации и иницијативи кои ја негуваат уметноста и ги претставуваат Охрид и Македонија како ризница на културни збиднувања и привлечни туристички дестинации.