Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од негово лично име и од име на партијата, упати честитка до сите верници по повод големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден.
Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да придонесат за поубав свет.
Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, стои во честитката од претсдеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.