Охрид

ЕГИПЌАНИТЕ ДАВААТ ПОДРШКА за ВМРО ДПМНЕ и Гордана Сиљаноска Давкова

НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, ги повикува Египќаните во Македонија, кои имаат право на глас, на 8 Мај масовно да излезат на гласање, да го искористат своето гласачко право и да ги подржат кандидатските листи на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ,,ТВОЈА МАКЕДОНИЈА,, како и кандидатката за Претседател Проф.Д-р Гордана Сиљаноска Давкова.

Ние, како припадници на една автентична и автохтона , но ранлива етничка заедница Египќани, кои се најлојална, но истовремено и најмаргинализирана и институционално најнеинтегрирана етниќка заедница во нашата единствена татковина Македонија, имаме долгогодишна соработка со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ, и како долгогодишни партнери цениме дека понудената политичка платформа 1198 , нуди решенија кои во голема мера би го подобриле статусот и квалитетот на живот на Египќаните во Македонија. Како, НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, имаме извонредна соработка и поддршка од лидерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски, кој има големо разбирање за проблемите со кои се соочува мојот народ, и во таа насока очекуваме во блиска иднина да потпишеме Меморандум за Соработка, истакна лидерот на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,,Дипл.правник Демир Далип, кој додаде дека кандидатката за Претседател, Проф.Д-р Гордана Сиљаноска Давкова е кандидтот кој најмногу може да придонесе за реализирање на човековите права и слободи на Египканите, нивната интеграција во системот како и целосниот развој на етничката заедница на Египќаните.