МакедонијаНаш ИзборНаш изборРепублика

(ФОТО) Откорнати таблите на повеќето споменици во Скопје

Речиси и да нема споменик на мостовите во центарот на Скопје, на кој стои плочката на која пишувало за која историска личност се работи. Негрижата за инвестициите кои во Скопје направија туристичка ренесанса изминатите седум години е очигледна на секој чекор, па дури може да се помисли дека некој свесно и намерно тоа го прави.

Метални плочки со натпис има само на спомениците на легендарниот Тоше Проески и Петре Прличков.

Проектот Скопје 2014 беше медиумски демонизиран од медиумите блиски до СДСМ и користен во пропагандни цели за уривање на владата на ВМРО ДПМНЕ. Од друга страна токму владата на ВМРО ДПМНЕ го започна овој проект кој го смена Скопје и направи градот да личи на метропола, а за бенефитот во туризмот не треба ни да се анализира, бидејќи Скопје почна да привлекува повеќе странски туристи дури и од Охрид.