АктуелноОхрид

Пријавено пожар во пилана кај месноста „Прентов мост“

На 20.10.2026 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека кај месноста „Прентов мост“ во близина на охридското село Куратица настанал пожар во пилана, во делот каде се наоѓа комората за печење на дрво и штици.

 

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

 

 

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.