АктуелноОхрид

(ФОТО) Охриѓани учествуваа на државниот натпревар по роботика, електроника и програмирање

Во периодот од 22.4.2024 до 25.4.2024 г., на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се одржа Државниот натпревар по роботика, електроника и програмирање, на кој учествуваа и охриѓаните — матурантите Бобан Кочески и Јорданчо Тупаноски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”, чиј ментор беше проф. м-р Сања Јованоска, и Нина Стевоска од ОСУ „Св. Климент Охридски“, чиј ментор беше проф. Ѓоко Доревски. На овој Државен натпревар учествуваа и други 51 ученик од средните училишта во Република Македонија.

Честитки за учениците и менторите. Го претставија нашиот Охрид во најдобро светло.