МагазинНаш изборНаш Избор

По 14 години борба за мајчинство, Сандра во раце ја има Љубица

По 14 години борба и 14 постапки на VTO, целиот свет е во мои раце – мојата Љубица. Вака Сандра Јовановиќ, тогашна претседателка на Здружението „Шанса за родителство“, а сега маркетинг и ПР менаџер во болницата „Биосел Хоспитал“ од Србија, на својата Фејсбук страница ја објави среќната вест – дека конечно станала мајка.

– По 14 ин витро оплодувања станав мајка. Ни требаше натчовечка сила за оваа борба која траеше 14 години! Мојата Љубица е родена на 15 декември и, навистина, без д-р Жељко Миковиќ и клиниката „Народни фронт“ се ќе беше многу потешко. Имаше премногу стравувања од првиот позитивен тест до породувањето. Се породив природно и никој не го очекуваше тоа. Моја Љубица е најубавиот подарок за мене и мојот сопруг за Нова година! Таа е остварување на сите наши соништа – изјавила Сандра.

– Својата борба ја започнав на 24 години. Вкупно 14 години се обидувавме да имаме дете преку ин витро оплодување. Имавме 14 процедури за ИВФ. На самиот почеток, кога открив дека имам проблем со зачнувањето, ми изгледаше лесно. Само да одам на ИВФ и … Пуф! Бебето е тука, изјави оваа храбра мајка за Телеграф.

 

 

Сандра и нејзиниот сопруг поминале низ многу тежок период од животот очекувајќи бебе, а сѐ уште не може да поверува дека и се исполнила најголемата животна желба. Таа откри дека не може ни целосно да се радува, бидејќи сѐ уште не е свесна за ситуацијата.

– Во моментот кога се породив почувствував голема среќа, но и малку се плашев од таа среќа. И јас се плашев да бидам среќна за време на бременоста, си помислив: „Боже, ми се случува ли ова? Дали ќе го истуркам ова до крај, дали е се во ред?“. Бев три пати во болница, тоа беше ризична бременост, па тоа ми предизвикуваше дополнителна нервоза. Имаше премногу стравови, изјави Сандра за РТС Ординација.

По 13 неуспешни обиди, 14-от обид вроди со плод и покрај тоа што околината на Сандра веќе се откажала од надежта за позитивен исход.

-Таа 14-та инсеминација беше потполно исто како и претходните, можеби беше порелаксирано а можеби и малку полежерно. Поинаку беше тоа што апсолутно никој не знаеше дека сме отишле на ИВФ. Затоа што, навистина требаше многу сила да се пробие дури и за таа 14-та. По 13-тата, ни требаше многу сила за да почнеме повторно и тогаш рековме „Ајде само уште еднаш да се обидеме со ова“. Едвај го убедив сопругот, тој повеќе не сакаше, сите ја изгубија волјата околу нас, освен јас – сите се помирија  дека нема да бидеме родители, објаснила Сандра.

 

 

Таа истакнува и дека најголема надеж полагала во првото ин витро оплодување и дека биле убедени дека ќе успеат, но тоа не се случило.

-Најтешко ми беше кога после 10. ин витро се случи успех, а потоа спонтан абортус во 11. недела. Тоа беше најтешкиот момент што го имавме.

Солзите го одбележале процесот на ИВФ на Сандра, но таа не се откажувала.

 

 

Откако го остварила својот сон, таа сака да им каже на сите да веруваат во успех, да не се откажуваат и, се додека имаат реални шанси да забременат, да одат кон таа цел, но да не чекаат предолго бидејќи годините се најголемиот непријател во третманот на стерилитет.

 

zenskimagazin.mk