На 11.02.2024 година во 00.40 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се лица на возраст од (26) од селото Слатино, општина Дебрца и лице на (25) од струшкото село Биџево.
Тие, претходно во, а потоа и надвор од објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со викање, агресивно однесување и меѓусебна тепачка.
По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.