Српскиот почесен конзул во Македонија, Владимир Стајиќ ќе го донира најголемото црковно ѕвоно во манастирот во Рајчица, со што ќе биде комплетно возобновен стариот кралски сет на манастирски ѕвона, кој во истроријата бил дониран од српската кралски династии.
Првото ѕвоно (лиено во Австрија 1850 г.) на манастирот му било подарено од српските кнезови Петар и Андреј Караѓорѓевиќи, за здравје и благослов на нивното кнежевско семејство, заедно со сестрите Клеопатра и Елена. Второто ѕвоно било подарено од Христијаните од дебарското окружие (лиено исто така во Австрија 1851 г.). И големото ѕвоно од сетот, подарено од владетелот на Кралството на СХС, Александар I Караѓорѓевиќ со својата сопруга Марија и синот Петар со неговата сопруга Зорка (лиено во Белград 1925 г.). Најголемото ѕвоно, пак, ќе биде подарено од г. Владимир Стајиќ. Збогатувањето на овој стар сет на манастирски камбани ќе претставува историско и значајно дело, како и благослов за Светињата и за семејството на дарителот, со ќерка му Ангела, валат од Бигорскиот манастир.
Стаиќ бил во посета на Бигорски и имал стредба со Епископот Партениј.
-Во атмосфера на манастирско спокојство, г. Стајиќ, ја изрази својата длабока почит кон културното наследство и евангелските вредности на мир, единство и соживот што го негува Манастирот, а ја истакна и својата желба за поддршка на благородната иницијатива за дарување на камбани во бигорскиот метох – Манастирот на Свети Георгиј Победоносец во с. Рајчица. Посетата на почесниот конзул г. Владимир Стајиќ во Бигорски покажува дека православната духовност и култура се универзални вредности кои ги обединуваат луѓето, велат од Бигорски.
religija.mk