На 21.10.2026 во 15:50 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (24) од струшкото село Добовјани.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положено возачки испит.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



















