АктуелноОхрид

Приведена 34 годишна жена од Кичево – целосно ја запуштила својата малолетна ќерка

На 24.01.2024 во 14 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево  лишиja од слобода 34 годишна жена од Кичево. Таа, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево. По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор:СВР Охрид