На 17.01.2024 во периодот од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 08 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни места каде со сообраќаен знак тоа е забрането. Во Кичево, санкционирани се 15 возачи кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење.
Извор: СВР Охрид