Наш изборНаш ИзборОхрид

Левица: Пецаков да каже како ги купи советниците од СДС и ДУИ

Додека градоначалникот Пецаков лаже и манипулира во јавноста дека Левица е во некаква коалиција во Советот, веќе две години тој го прави мнозинството во Советот на општина Охрид со советникот од ДУИ и со одметнатите советници од коалицијата на СДС, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение истото го пренесуваме во целост:
Додека од ДПМНЕ секој ден говорат дека ДУИ мора да се прати во опозиција, нивните градоначалници токму со ДУИ ја прават власта во општините. Лицемерието на ДПМНЕ не завршува тука.
Додека го обвинуваат ДУИ за криминал и корупција, Пецаков ја ангажира токму фирмата на локалниот шериф НЕФИ УСЕИНИ за реконструкција на дворот на охридската гимназија со тендер од 230.000 евра. Овој проект на коалицијата ДПМНЕ – ДУИ е заглавена една година поради нивната неспосбност. Дополнително, за време на мандатот на Пецаков, охридската гимназија склучила договор за изработка на ограда, повторно со фирмата на Нефи во вредност од 80.000 евра!
Наместо Мицкоски и ДПМНЕ да ја замајуваат јавноста дека ДУИ ќе ја пратат во опозиција наредните избори, нека почнат прво од нивните градоначалници кои си делат тендери со криминалците од ДУИ.
извор: Левица ЛО Охрид