АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Денес се празнува Светиот пророк Авакум

Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Јерусалим.

Кога вавилонскиот цар Навуходоносор го нападна Јерусалим, Авакум се засолни во Исмаилската земја, од каде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави Ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е“ (Даниил 14 – 33).

Тогаш Ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум.

И Даниил прими и јадеше. Потоа Ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Јерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела.

Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики.

 

denovi.mk